„Витаминка“ годинава претендира да извезе производи вредни 10 милиони евра и тоа во пакувања од пет грама до максимум килограм. Околу 40 отсто од производството на прилепската компанија завршува на странските пазари со тенденција на пораст. Идејата за субвенционирање на извозот за „Витаминка“ е добра и треба да се поддржи, со оглед на порастот на цените на шеќерот, маслото, брашното и на нафтата. Секоја година одвојуваме средства за инвестиции во зависност од можностите. Од еден-два милиони евра, па до четири-пет. Банките н` поддржуваат. „Витаминка“ е во постојана динамична инвестициона активност. Следниот голем зафат е вложување во нова фабрика за чоколада бидејќи постојниот капацитет работи во четири смени и станува тесен за потребите.
„Витаминка“ годинава претендира да извезе производи вредни 10 милиони евра и тоа во пакувања од пет грама до максимум килограм.
Околу 40 отсто од производството на прилепската компанија завршува на странските пазари со тенденција на пораст. Идејата за субвенционирање на извозот за „Витаминка“ е добра и треба да се поддржи, со оглед на порастот на цените на шеќерот, маслото, брашното и на нафтата.
- Секоја година одвојуваме средства за инвестиции во зависност од можностите. Од еден-два милиони евра, па до четири-пет. Банките н` поддржуваат. „Витаминка“ е во постојана динамична инвестициона активност. Следниот голем зафат е вложување во нова фабрика за чоколада бидејќи постојниот капацитет работи во четири смени и станува тесен за потребите - изјави Симон Наумоски, претседател на управниот одбор на „Витаминка“ на доделувањето на признанието од страна на министерствата за одбрана и за надворешни работи за соработката на „Витаминка“ во базарот на стоки и производи на НАТО во Брисел.
- Еден од аспектите на учеството е хуманитарниот, зашто производите што ги праќаме во мисијата на НАТО имаат хумана цел - да обезбедат скромни средства во име на „Витаминка“, кои понатаму се делат низ светот. Втор аспект е што правиме реклама на асортиманот пред старешините на НАТО. Се надеваме дека ќе успееме нашите производи да бидат присутни на трпезите на силите на НАТО низ целиот свет - рече Наумоски.